Ужас во Сараево: Пронајдени три тела во запалена куќа, на пожарот му претходеле истрели
Три тела се пронајдени во семејната куќа во Широкача, Сараево. Оваа информација за медиумите ја потврди портпаролката на кантоналното обвинителство на Сараево, Азра Бавчиќ.
Пронајдени се три неидентификувани тела, а бидејќи истрагата се уште е во тек, се утврдуваат сите околности на смртта“, рече Бавчиќ.
Полицијата доцна синоќа соопшти дека дошло до експлозија во семејниот дом.
Пожарот на Широкача траел со часови и бил локализиран дури во доцните вечерни часови.
Локалните медиуми јавија дека пред пожарот се слушнале истрели, по што припадници на специјалната полиција ја опколиле куќата. Полицијата соопшти дека околу 21.10 часот дошло и до експлозија.