Утре се отвора тунелот „Логара“ во Албанија, од Дукати до Паласа за само 7 минути


Ппатот кон југот на Албанија и некои од најпосакуваните туристички области ќе биде пократок,. откако утре ќе биде отворен тунелот „Логара“.

Како што најави премиерот Еди Рама уште минатата недела, тунелот „Логара“ се очекува да биде отворен на 5 јули, а тој на социјалните мрежи објави неколку снимки од тунелот по кој поминал додека патувал за Дерми на југ.

„За Дерми од спектакуларниот тунел „Логора“. Уште неколку дена пред отворањето за слободен промет“, пишува Рама.

Пред неколку дена Рама најави дека тунелот ќе биде отворен на 5 јули 2024 година, со што растојанието од Дукати до Паласа ќе се скрати од 30 минути на само 7 минути.

Со должина од близу 6 километри, главниот тунел е обложен со бетон и опремен со комплексни системи за одводнување, вентилација, заштита од пожар и чад, осветлување, итни повици и сигнализација.