Утре е „Денот Д“: Крај на војната?


Утре во седиштето на израелските одбранбени сили (ИДФ) во Тел Авив ќе се одржи состанок на израелскиот безбедносен кабинет за прекинот на огнот во Либан.

Состанокот ќе започне во 17:30 часот по локално време и ќе трае најмалку до 21 часот, изјавија од кабинетот за „Тајмс оф Израел“.

Амбасадорот на Израел во САД, Мајк Херцог, претходно денеска изјави дека договорот за прекин на огнот за прекин на борбите меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах може да биде постигнат „во рок од неколку дена“.

Херцог за израелското воено радио изјави дека има уште некои точки кои треба да се договорат и дека за секој договор е потребно одобрение од Владата на Израел, пренесе АП.

Заменик-претседателот на либанскиот парламент, Елиас Бу Саб, денеска изјави дека „не остануваат никакви сериозни пречки“ за да започне спроведувањето на предлогот на САД за 60-дневно примирје за прекин на борбите меѓу Израел и Хезболах.

Тој за Ројтерс изјави дека едно од преостанатите прашања е кој ќе го надгледува прекинот на огнот.

Договорено е да се формира комисија составена од пет земји, што значи дека овој тим ќе биде одговорен за следење и надзор на прекинот на огнот, а меѓу нив е и Франција, а со комисијата ќе претседаваат САД.

Либански и западен функционер изјави за Ројтерс дека САД ги информирале либанските власти дека прекинот на огнот може да биде објавен „во следните неколку часа“.