Уште 258 новозаразени во Србија, починаа осуммина

Во Србија во последните 24 часа заразени се уште 258 лица, а починаа осум луѓе.
Ова е најмал број новозаболени во еден ден од 29 јуни наваму.
На респиратор се 146 пациенти.
Во изминатото деноноќие тестирани се 7.168 лица, а во болница се 3.554 пациенти.
Вкупниот број починати се зголеми на 598 од почетокот на пандемијата.