Ураганот „Сали“ му се заканува на југоистокот на САД


Ураганот „Сали“ се засили и е веќе класифициран во втора категорија додека се приближува кон југоистокот на САД.

Ураганот проследен со ветер од 150 километри на час денеска можно е да стигне до копното, соопшти американскиот Национален центар за следење урагани.

„Сали“, во моментов се наоѓа на 210 километри од Мисисипи, и може да предизвика пораст на водостојот во американските држави Луизијана и Алабама.

Њу Орлеанс, кој беше погоден од ураганот Катрина пред 15 години, е област со висок ризик.

– Лошото време не смее да се сфаќа лесно, предупреди Кеј Ајви, гувернерка на Алабама, откако прогласи вонредна состојба во таа држава што се граничи со Флорида.