Украина спречи уште еден обид за атентат на Зеленски – уапсена група од 25 обучени убијци

Групата, како што пишува германски „Билд“, била уапсена во Ужгород, град на границата на Украина со Словачка


Во Украина, наводно, е испратен и тим на злогласните платеници „Вагнер“ со задача да го убијат Зеленски

 

Последниот обид на Русија за атентат на украинскиот претседател Зеленски беше спречен откако 25-члена екипа беше уапсена на границата со Словачка, тврди Киев.

Тим од повеќе од дваесет обучени убијци бил собран од полицијата во Ужгород, западна Украина, додека биле на пат кон Киев синоќа, објави „Билд“.

Извори од киевското контраразузнавање изјавија за новинската агенција Униан дека луѓето биле придружувани од агент на руската тајна служба.

Тие, наводно, носеле наредби да го убијат Зеленски и да се инфилтрираат во други елементи на украинската влада.

Ужгород се граничи со соседна Словачка и се наоѓа на само неколку километри подалеку од границата на Украина со Унгарија.

Според Униан, антивоена фракција во самата руска тајна служба го известила Киев каде се наоѓа тимот.

Апсењата се чини дека се само најновите неуспешни напори за убиство на лидерот на Украина, по повеќе од десетина одделни обиди за убиство од почетокот на руската инвазија минатиот месец.

Зеленски стана заштитно лице на упорните и пркосни воени напори на неговата нација против инвазијата на Москва.

Но, тој исто така е клучна мета за освојувачите на неговата нација, со платеници на „Вагнер“ кои влегоа во земјата вчера за да го убијат Зеленски, објави Министерството за одбрана.

Украинскиот премиер Денис Шмихал и шефот на кабинетот на претседателот Андриј Јермак беа наведени како меѓу другите наводни цели за атентат.

Кремљ долго време ги негираше врските со озлогласената група „Вагнер“, платенички одред од 600 војници распоредени ширум светот која работи во корист на интересите на Москва.

Разузнавачките извештаи тврдат дека високо обучените борци чекале зелено светло од Кремљ да влезат во Украина.

Наводно, на оперативците им беше даден „список за убиства“ од 24 лица, вклучувајќи го премиерот на Украина, целиот кабинет, градоначалникот на Киев Виталиј Кличко и неговиот брат Владимир – и двајцата боксерски шампиони кои станаа иконски фигури на првите линии на главниот град.

Нападот беше саботиран откако плановите стигнаа до повисоките ешалони на украинската влада, поради што Киев прогласи 36-часовен „тврд“ полициски час на 5 март.

Според Киев, ова подразбирало сите да се задржат во затворени простории додека властите „ги метеле улиците“ за руските саботери.