Украина објави дека презела противнапад во Соледар (Видео)


 

Украинските сили во четвртокот објавија дека извршуваат контранапади во Соледар, источниот град кој е предмет на интензивни руски бомбардирања и напади.

„По неколкудневно повлекување, дури и постигнавме одреден напредок“, објави украинската 46. воздухопловна бригада на Телеграм, како што пренесе Си-Ен-Ен. „Железничката станица е наша. Рудникот е наш. Чекаме поддршка. Соледар е Украина“.

Кремљ се обидува да го опколи блискиот Бахмут, користејќи платеници од групата „Вагнер“ и редовни воени сили во борбите, рече Хана Малјар, заменик-министер за одбрана на Украина, на Телеграм.

„Нашите војници храбро ги држат своите позиции и му нанесуваат бројни загуби на непријателот“, рече таа.

Во четвртокот, украинскиот претседател Володимир Зеленски им ја вети „целата потребна помош“ на војниците кои се спротивставуваат на руските напади во Соледар и Бахмут.

„Сакам да истакнам дека единиците кои ги бранат овие градови брзо и континуирано ќе се снабдуваат со муниција и се што им е потребно“, објави Зеленски на Фејсбук по средбата со Генералштабот.

Соледар, кој се наоѓа во областа Доњецк во источна Украина, е цел на руските сили од мај минатата година. Со предвоено население од околу 10.000 луѓе, тој само по себе има мала стратешка вредност, но е попатна точка за руските обиди да напредува кон запад. Руските сили со месеци се обидуваат да го нападнат Бахмут од исток. Ако го земаа Соледар, Русите барем по друга рута ќе можеа да му пристапат на градот.