Украина го заврши скрининг процесот во ЕУ, сега е чекор поблиску до преговори за членство
Претставниците на Европската Унија и Украина ги завршија скрининг состаноците од последното преговарачко поглавје, број 11 – Земјоделство и рурален развој, соопшти Министерството за економија, животна средина и земјоделство на Украина,
Во текот на тридневните состаноци, Украина презентираше 28 тематски блокови што го опфаќаат напредокот на земјоделските реформи, дигитализацијата, државната поддршка, регулирањето на пазарот и развојот на аграрниот сектор.
Министерството објави дека ова „покажува подготвеност на Украина да се интегрира во заедничката земјоделска политика на ЕУ“.
Украинската делегација, исто така, го презентираше нивото на усогласеност на националното законодавство со правото на ЕУ во пет области: хоризонтални прашања (финансиски и административни структури), земјоделски пазари, политика за квалитет, органско производство и промоција на земјоделски производи.