Украина ги нарече „лага“ руските тврдења за заземање на Часов Јар


 Украинската војска ги нарече „целосна лага“ руските тврдења дека московските сили го зазеле Часов Јар, град во источна Украина кој бил упориште на силите на Киев.

-Секако, тоа не е вистина, рече Виктор Трегубов, портпарол на стратешката група „Хортица“ одговорна за областа.

„Ова е целосна лага“, додаде тој.