УХМР со предупредување: Температури над 40 °C со силен ветар


УХМР денеска издаде предупредување дека денес ќе се задржи сончево и многу топло со дневна температура наместа и над 40°C.

Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец (над 60 km/h), а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност. 

Како што моќе да се забележи од мапата во прилог, најзагрозен е централниот дел од Македонија, односно Повардарието, или на територија на регионите на Кавадарци, Велес и Скопје.

Инаку, поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер (над 60 km/h) во среда, а особено во четврток ќе има значително опаѓање на дневната температура (од 8 до 10 степени). Во среда претежно во северните делови ќе има услови за повремен дожд, а во петок локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.