Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Во петок и во деновите од продолжениот викенд времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и силен ветер (над 60 km/h).

Минималните утрински температури ќе се спуштат до 6 степени додека максималните дневни ќе се искачат до 30 степени.