Убиен вработен на бензинска во Германија, оти од купувачот барал да стави маска


Вработен на бензинска пумпа во Германија, убиен е откако од купувач побарал да стави маска на лицето, пренесе „Дојче веле.“

Според полицискиот извештај, 49-годишен маж е осомничен дека го застрелал вработениот на бензинската во саботата вечерта, поттикнат од препирката зошто не носи маска за заштита од короона вирус.

Сторителот прво влегол во бензинската, а 20-годишниот вработен го сопрел и го предупредил дастави маска. почнале да се расправаат по што купувачот заминал. Се вратил по еден час, со маска на лицето, почнал да се расправа со вработениот, ја тргнал маската од лицето и пукал во вработениот со пиштол.

Откако полицијата почнала да трага по него, тој сам се предал и признал дека го убил момчето.

Наводно, сторителот рекол дека е против корона-мерките и дека не гледал друг начин туку со злосторсство да покаже пример. Сметал дека жртвата е одговорна, затоа што се обидувала да спроведува правила на кои тој се спротивставувал.