Убиецот од Прага е 24-годишен студент, кој претходно си го убил таткото

Напаѓачот е мртов. Според првичните извештаи тој паднал од зградата, но полицијата вели дека тие пукале во него


Чешката полиција соопшти дека напаѓачот на универзитетот во Прага е 24-годишниот студент Давид Козак, чиј крвав пир заврши со 15 жртви и 24 повредени.

Претходно денеска, по него, полицијата распишала потерница поради сомнение дека утринава го убил својот татко во селото Кладенско. Потоа стана јасно дека бараниот е тој што попладнево уби десет лица на Филозофскиот факултет во Прага, по што и тој беше убиен.

Козак бил студент по историја на Филозофскиот факултет и постои сомневање дека по убиството на својот татко тргнал во крвавиот поход каде уби најмалку 15 и рани уште 24 лица во близина на факултетот. 

„Во 12 часот и 45 минути полицијата пронашла мртов маж во куќата, за кој се испоставило дека е татко на напаѓачот. Напаѓачот е  студент на Филозофскиот факултет во Прага, а во 14 часот требало да биде на предавање во една од зградите на факултетот. Во 14 часот и 59 минути пукањето се случило во сосема друга зграда на плоштадот Палач. Во 15 часот и 20 минути телото на напаѓачот било пронајдено на покривот на зградата“, рекоа надлежните на прес-конференцијата.

Чешки министер за внатрешни работи: Пукањето во Прага не е поврзано со „тероризам

Полицијата соопшти и дека во нападот загинале 15 лица, a покрај тоа, 24 лица се повредени. „Нападот не може да се поврзе со меѓународен тероризам“, појаснија властите.

Пукање во Прага: 10 мртви и многу повредени на Филозофскиот факултет (Фото и видео)

„Многу сериозно ги истражуваме наводите, кои во моментов се многу реални, дека напаѓачот од Филозофскиот факултет е одговорен и за две жртви од крајот на минатата недела во Клановице“, изјави началникот на полицијата Мартин Вондрашек на прес-конференција.

Минатата недела, на 15 декември, непознато лице застрела 32-годишен маж и неговата двомесечна ќерка во Клановице, но полицијата сѐ уште не го пронајде одговорниот за двојното убиство.

Претходно оваа година, Давид К. добил награда од Полскиот институт во Прага за неговата теза за револуционерните настани од 1846 година во Краков и други области што сега се дел од Полска.

Шефот на полицијата Мартин Вондрашек изјави дека отишол во Прага да си го одземе животот и дека е „инспириран од страшен, сличен настан во странство“. Наводно, инцидентот е пукањето што се случи на 7 декември во Брјанск, јужна Русија, кога 14-годишно девојче донесе пушка во своето училиште и уби соученичка пред да го сврти пиштолот кон себе и да си го одземе животот.

Чешката влада одржа специјална седница и им изрази сочувство на жртвите и нивните роднини. Министерот за внатрешни работи Вит Ракусан рече: „Тоа е незамислива трагедија, погодени се млади луѓе. Тоа е нешто што Чешка никогаш не го доживеала и што сите посакуваме да не сме го доживеале. Предбожиќното расположение е променето до непрепознавање поради она што го направи еден лудак.“