Убиецот на осум луѓе во Индијанаполис легално го купил оружјето, откако излегол од психијатриска установа


 

Момчето кое уби осум луѓе со огнено оружје во објект на „Федекс“ во Индијанаполис, САД и потоа изврши самоубиство, легално ги купил двете полуавтоматски пушки.

Тие пушки ги користел за да го изврши злосторството.

Тој го купил оружјето неколку месеци по престојот во психијатриска установа, соопшти полицијата.

Според евиденцијата на Бирото за алкохол, тутун и огнено оружје на САД, 19-годишниот убиец Брендон Хол, поранешен службеник во експозитурата на „Федекс“ во Индијанаполис, купил две пушки, една во јули, а друга во септември лани, потврди полицијата не сакајќи да открие каде точно е набавено оружјето, пренесе Ројтерс.

ФБИ соопшти дека полицијата во Индијанаполис во март 2020 година привремено го држела Брендон Хол во притвор поради психијатриски проблеми, откако неговата мајка поднела пријава и предупредила дека нејзиниот син може да изврши ткн. „самоубиство со помош на полицијата“, односно да испровоцира полицајци кои би го убиле, пренесе порано АП.

Тогаш во неговата куќа запленета е пушка сачмарка, па потафи заплената на оружјето и други работи најдени во неговата спална соба во април 2020 година, убиецот од Индијанаполис го интервјуирала и ФБИ, потврди Пол Кинан, специјален агент кој раководи со истрагата.

По злосторството во Индијанаполис, претседателот на САД Џо Бајден, изјави дека убиствата со огнено оружје се национална срамота и го повика Конгресот да забрани употреба на автоматско оружје слично на она кое го користат пропадниците на оружените сили.

Претјодно, Белата куќа соопшти дека пукањето во зградата на „Федекс“ е доказ дека епидемијата на оружено насилство во САД покажува потреба за итна акција на Конгресот за мерките за безбедна продажба и ракување со оружје, пренесе ГА.