Уби две лица на Универзитетот Флорида – оружјето го зел од мајка му полицајка


На државниот универзитет на Флорида во Америка вчера дошло до масовно пукање во кое загинале две лица, а пет лица се повредени, пишува Си-ен-ен.

Полицијата го идентификуваше напаѓачот како 20-годишниот Феникс Икнер, студент на овој универзитет, чиј татко е заменик на локален шериф.

Откриено е и дека тој го зел оружјето од мајка му, која работи во локалниот шериф. Покрај пиштолот со кој го извршил овој напад, во неговиот автомобил била пронајдена и сачмарка.

Ова масовно пукање се случило во 11 часот по локално време, кога Икнер почнал неконтролирано да пука во кампусот на Државниот универзитет во Флорида.

Полицијата набрзо пристигнала на местото на настанот, која по кратка пресметка го ранила и успеала да го уапси. Икнер е во локална болница, во стабилна состојба.

На овој немил настан реагираше и американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека му е жал што тоа се случило, но дека нема да бара промена на законот за набавка на огнено оружје.

„Оружјето не убива, луѓето убиваат. Го поддржувам вториот амандман на Уставот на САД, без оглед на ужасните работи што ги прават луѓето“, рече Трамп.

Исто така, вреди да се напомене дека меѓу двајцата убиени нема студенти од Државниот универзитет во Флорида. Идентитетот на жртвите се уште не е познат.