Убер во минус милијарда долари
Компанијата Убер првото тромесечје од годинава го заврши со нето загуба од околу милијарда долари.
Минусот е направен како последица на големи вложувања во испораката на храна, превоз на товар и поголеми трошоци за стимулација на возачите. Загубата се случува иако кон крајот на март Убер ширум светот имаше дури 93 милиони корисници, што е за 33 отсто повеќе отколку истиот период лани.