Уапсени лекари и сопственици на дерматолошки ординации од Скопје, Струмица и од Битола


Во координирана акција на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, денеска е разбиена организирана криминална група осомничена за извршување повеќе кривични дела.

Акцијата се реализира по наредби издадени од Основен кривичен суд, при што се вршат претреси на повеќе локации во СкопјеСтрумица и Битола.

Според првичните информации, лишени од слобода се повеќе лица, меѓу кои и лекари вработени на скопските клиники, како и сопственици на приватни дерматолошки ординации.

Надлежните институции најавуваат дека по завршување на акцијата ќе бидат соопштени повеќе детали за кривичните дела и инволвираните лица.