Турскиот суд ја поништи одлуката на Ататурк од 1934 и ја претвори Света Софија во џамија


Највисокиот турски управен суд го поништи во петокот декрет од 1934 година донесено од Кемал Ататурк за претворање на обележјето на Истанбул, Света Софија, од џамија во музеј.

Света Софија, првично изградена како катедрала на Источното Римско Царство во 537 година, беше претворена во џамија од османлискиот султан Мехмет Освојувачот во 1453 година, откако го освои градот.

Светилиштето служеше како музеј уште од 1935 година по основањето на турската република, сепак претседателот Реџеп Таип Ердоган во неколку наврати сугерираше со години повторно да се претвори во џамија за да се исполни долгогодишното барање на турските исламисти, и покрај грчкото противење.

Соединетите Држави, Грција и црковните водачи беа меѓу оние кои изразија загриженост за промена на статусот на огромната зграда од 6. век, претворена во музеј во раните денови на модерната секуларна турска држава под Мустафа Кемал Ататурк.

„Беше заклучено дека спогодба да не биде веќе џамија и да се употребува надвор од нејзиниот карактер не е можна законски“, се вели во пресудата на Државниот совет, највисокиот управен суд во Турција.

„Одлуката на кабинетот во 1934 година која ја запре употребата како џамија и ја дефинираше како музеј не ги почитуваше законите“, се вели во извештајот.

Османлиите изградија минариња покрај огромната куполна структура, додека внатре додадоа огромни калиграфски панели со арапски имиња на раните муслимански калифи, покрај античката христијанска иконографија на споменикот. (Според агенциите)