„Турски метод“ за поефикасно перење на пешкирите


 Иако луѓето внимателно го дозираат детергентот, користат омекнувач за алишта и ги следат сите совети за сушење, пешкирите често остануваат груби, тврди и брзо ја губат својата впивливост… Познавачите, сепак, тврдат дека постои начин да се избегне ова – и сè што треба се три лажици сода бикарбона. Се работи за доста познатиот нов „турски метод“ за хигиена и поделотворно чистење на пешкирите, наречен така, оти доаѓа од Турција.

Треба да знаете: крпитеи пешкирите се перат на повисоки температури – меѓу 40 и 60 степени, бидејќи доаѓаат во контакт со кожата и влагата, што ги прави погодни за развој на бактерии. Следниот совет гласи: избегнувајте омекнувачи за алишта – тие понекогаш даваат спротивни резултати т.е. ја прават ткаенината покрута и помалку впивлива, пишува порталот „Н-1“.

Избегнувајте да користите премногу сапун и омекнувач за алишта. Како што објаснува експертот за одржување на домот, Том Дрејк – натрупувањето на остатоци од детергент и омекнувач создава слој што ја намалува апсорпцијата на ткаенината.

Натаму, користете сода-бикарбона – додадете три лажици директно во барабанот на машината. Содата ги неутрализира непријатните мириси, ги уништува бактериите и ги прави крпите помеки и повпивливи. Безбедна е за кожата и има антибактериски својства.

За новите пешкири, се препорачува потопување во вода пред перење. Оставете ги во водата неколку часа (може и цел ден) пред да се сушат. Додадете и тука малку сода-бикарбона, за дополнително омекнување.

Колку често се перат крпите? Според истражување спроведено од порталот „Шауерс ту ју“ (Showers to You), дури 94 милиони бактерии можат да се најдат на една крпа по само една недела употреба. Сепак, два милиони Британци признале дека ги перат своите крпи само еднаш годишно.

За оние крпи коишто се изложени на поголема нечистотија, се препорачува перење на над 60 Целзиусови степени. Но, внимателно изберете ја температурата според видот на ткаенината – памукот и микрофиберот можат да издржат повисоки температури, додека свилата и сличните материјали бараат понежно перење. И, за крај: редовно менувајте ги шешкирите – за да се избегнат непријатни мириси и раст на бактерии, крпите треба да се менуваат почесто и темелно да се сушат на воздух по перењето.