Турски балон лепчиња во тавче (Видео)
Одберете сладок или солени фил и уживајте во појадокот или вечерата по желба, бидејќи нема подобро тесто од турските балон лепчиња.
Состојки:
20 гр квасец,
500 гр брашно,
2 лажички сол,
лажица шеќер,
170 ml вода,
180 гр јогурт,
лажица масло,
путер за премачкување.
Подготовка:
Растворете го квасецот во неколку лажици вода. Брашното се просејува, па се трга на страна 4 лажици. Во поголемиот дел од брашното додадете го шеќерот, солта, водата, јогуртот и на крајот растворениот квасец. Се меша лесно со рака или со миксер и се прави добро тесто. Кога убаво ќе го направите ќе биде леплив и редок, па дури потоа постепено додавајте го остатокот од брашното (4те лажици што ги одвоивте) и месете. Направете форма на топка.
Истурете една лажица масло во раката и премачкајте го тестото од сите страни, покријте го со крпа и оставете го да отстои на топло место еден час. Добиеното тесто лесно посипете го со брашно, колку што можете за да го извадите од садот, па префрлете го на работната површина која ја посипавте со малку брашно.
Многу лесно се меси со раце, се прави ролат, па со остар нож се сече на 4 дела. Секој дел внимателно формирајте го во топка, па покријте го со крпа и оставете го да отстои 10 минути. На набрашнета работна површина секое топче расукајте го со сукало во круг со пречник од околу 25 см. Кога ќе му биде тешко да се истегне, оставете го да одмори додека вие истегнувате друга топка. Покријте го повторно со крпа и оставете го да отстои две минути, а потоа продолжете со истегнување додека не ја добиете вистинската големина.
Покријте повторно и оставете околу 5 минути додека се загрее маслото во тавата. Загрејте го маслото на највисока температура (погрижете се да не изгори), а потоа ставете ја првата лепиња.
Треба да се печат не подолго од 30 секунди од двете страни во неколку наврати – штом почнат да се појавуваат меурчиња на тестото, свртете го на другата страна, а по 30 секунди повторно свртете го на другата страна.
Оставете ја лепињата да формира балон, па повторно свртете ја да се испече од другата страна. Кога ќе се оформи балонот, може малку да ја поместите лепињата со раце, да ја допира насекаде тавата и да добие убава боја, не само на средината.
Додека печените лепчиња се уште топли, намачкајте со путер од двете страни; нема потреба да се топи, туку залепете коцка на вилушка и одете по сите лепчиња.
Имаат толку добар вкус што ќе сакате да ги правите секој ден!