Туристот што пишуваше имиња на Колосеумот бил Бугарин


Турист кој го издлаби своето и името на неговата девојка на  2000 години стариот Колосеум  е фитнес инструктор кој живее во Велика Британија, но по потекло е Бугарин, открива MailOnline. 27-годишниот Иван Димитров, кој исто така го носи името Иван Хокинс, беше фатен на камера како ги издлабува зборовите „Иван и Хејли 23“  на Колосеумот со низа од клучеви.

 MailOnline откри дека Иван, кој по потекло е од Ловеч,Бугарија, работи како фитнес тренер во Бристол, но и како доставувач.  Снимката со настанот беше објавена на веб-страницата Редит и  брзо стана вирална. Само на YouTube е прегледана над 220.000 пати. 

Колосеумот, кој се смета за едно од седумте чуда на современиот свет, е предмет на светско
наследство, заедно со  54 други италијански локации кои го сочинуваат историскиот
центар на градот.