Туристи на длабочина од неколку стотини метри снимиле медуза поголема од нивната подморница
Во водите околу Атлантикот воочено е ретко и невообичаено суштестви, а се работи за огромна медуза со пипци долги повеќе од девет метри.
При истражување на брегот околу Антарктикот туристите во приватна подморница успеале да го снимат ова необично суштество, кое досега е видено 126 пати.
Медузата била поголема од подморницата во која се наоѓале туристите. Оваа за многумина застражувачка глетка, снимена е на длабочина од неколку стотини метри, во близина на брегот кај антарктичкиот остров Рона.
❗Captan una extraña medusa gigante que habita aguas profundas en la Antártida. La criatura de aspecto alienígena presenta unos tentáculos que pueden alcanzar los diez metros de longitud.
Vídeo: Monterrey Bay Aquarium Research Institute (MBARI) pic.twitter.com/RXc37epnQd
— 𝑪𝒆𝒏𝒕𝒊𝒏𝒆𝒍𝒂35 (@QuakeChaser35) March 3, 2023
Кон крајот на минатата година воочени се уште неколку појавувања на оваа необична медуза.
Научниците уште не знаат многу за овој безрбетник, кој живее во темни и студени води во зоната на поларните океани и во помош на своите брановидни пипки фаќа планктони и мали риби.
Корисниците на Твитер пишуваат дека изгледа како да не е од нашата планета.