Тројца активисти на вчерашните протести во Белград добија затворски казни, организаторите повикуваат на протест пред Владата
Претставникот на организацијата „Не дамо Јадар“ Златко Кокановиќ денеска потврди дека по синоќешниот протест тројца активисти се осудени на 40 и 30 дена затвор за нарушување на јавниот ред и мир и ги повика граѓаните масовно да се соберат пред зградата на Владата на Србија вечерва во 18 часот .
„Во 18:00 часот на раскрсницата кај Владата на Србија мора да се собереме во што поголем број. Ова е Северна Кореја“, рече Кокановиќ. Тој оцени дека пресудата против активистите е политичка.
„Ова очигледно не е судиска пресуда, некој одозгора донесе пресуда, а тие се само личности кои извршуваат туѓи наредби“, изјави Кокановиќ за бечлградски медиуми.
Актерката Јелена Ступљанин ги повика граѓаните „да излезат надвор“, пренесе ТВ Н1.
Љиљана Браловиќ, активистка на Алијансата на еколошките организации на Србија (СЕОС), рече дека „важно е да се поддржат децата, бидејќи тие можеле да бидат чии било деца“.