Триумф на „Павиљон“ од БиХ со големиот Мето Јовановски, голем успех на македонските филмови на SEE FF 2026
Француското жири на фестивалот, за апосулутен победник го избра „Павиљон“ од БиХ, кој покрај наградата за најдобар игран филм, ги понесе и наградите за најдобар актер (Раде Шербеџија), најдобра актерка (Кача Дориќ)
Фестивалот на Југоисточна Европа, SEE FF 2026, годинава го имаше своето 16-то издание во Париз, 11-то во Берлин, а по шести пат и во главниот град на САД , Вашингтон. Овој фестивал за кого пишувале голем број светски медиуми е вистиски прозорец за кинематографиите на Југоисточна Европа и афирмација на плејада филмски творци од регионот.
Овогодишната богата програма од играни, документарни, кратки и анимирани филмови, предизвика голем интерес кај американската и европската публика.

Американското жири под претседателство на Патрисија Корбет, познат филмски и литературен критичар, наградата за најдобар игран филм му ја додели на „Утре изутрина“ од Македонија, кој исто така ја понесе наградата за најдобро сценарио (Јани Бојаџи). За најдобра актерка беше прогласена Илинка Харнут од Романија, Саболч Туруци од Унгарија за најдобар актер, а за најдобар режисер беше прогласен Миливоје Обрадовиќ од Црна Гора зарежијата на филмот „15 и половина“.Македонскиоте филмови „Неми филмови “ (Крсте Господиновски) и „Ветена земја“ (Ќендрим Ријани)ги зедоја наградите за најдобар анимиран, односно најдобар документарен филм, додека пак наградата за најдобар краток филм беше доделена на „ Ништо страшно“ (Мирза Абдагиќ) oд БиХ.

Француското жири на фестивалот, предводеноод Фроса Пејоска-Бушро, од Универзитетот ИНАЛКО, за апосулутен победник го избра „Павиљон“ од БиХ, кој покрај наградата за најдобар игран филм, ги понесе и наградите за најдобар актер (Раде Шербеџија), најдобра актерка (Кача Дориќ), најдобро сценарио (Виктор Иванчиќ) и најдобра режија (Дино Мустафиќ). Во него , со последната улога, глумеше и легендарниот македонски актер Мето Јовановски.
Филмот „Павилјон“ со Мето Јовановски го отвора 31. Сараевски филмски фестивал
За најдобар документарен филмбеше прогласен „Старо сајмиште“ од Србија во режија на Александра Митиќ и Никола Ѓуровиќ, за најдобар анимиран филм „Хроницитет“(Алета Рајиќ) од БиХ, а за најдобар краток филм беше прогласен „Лото“ (Мухамед Алтункајнак) од Турција.

Германското жири, со претседателот Кристијан Фос од Универзитетот Хумболт од Берлин, наградата за најдобар игран филм му ја доделина косовскиот „Одисеја на радоста“ (Згјим Терзиќи). За најдобра актерка беше прогласена Илинка Харнут од Романија, Саболч Туруци од Унгарија за најдобар актер, а за наградата најдобро сценарио ја понесе Мирза Абдагиќ од БИХ за „Ништо страшно“. Мухамед Алтункајнак од Турција беше проглаен за најдобар режисер („Лото“), додека наградата за најдобар документаерн филм ја доби „Вуд, ти победи!“ од Црна Гора (автор Сенад Шахмановиќ). За најдобар анимиран филм беше избран унгарскиот „Кучешко уво“ (автор Петер Ваш), а за најдобар краток филм беше прогласен бугарскиот „Филџан кафе“ (Божана Маринова).
Академија Балканика Еуропеана, како еден од долгогодишните поддржувачи на фестивалот, покрај Министерството за култура на Република Франција, УНЕСКО и Министерството за култура на Црна Гора, со нејзиното жири под претседателство на Фабрис Далмеида, оваа година за најдобар игран филм го прогласи црногорскиот „Образ“, во режија на Никола Вучковиќ, а за најдобар актер Захари Бахаров од Бугарија, за улогата во филмот „Облог“ во режија на Светослав Овчаров.Наградата за најдобар документарен филм ја понесе „Корени” (Николај Димитров) , исто така од Бугарија.
Фестивалот традиционално се организира во соработка на универзитетите Еуропа Прима од Скопје, ИНАЛКО и Пантеон Асас од Париз, Хумболд од Берлин, Американ Јуниверсити од Вашингтон, како и издавачката куќа Пламен Прес, исто така од Вашингтон.