Трик со кора од банана ќе им помогне на вашите растенија да растат побрзо


Љубителите на растенијата секогаш бараат нов трик кој ќе им помогне да растат поздрави зелени миленичиња внатре и на отворено.

Многумина често имаат проблеми со одгледување растенија, па секој нов совет вреди злато. Веќе ги усвоивме триковите со талог од кафе и лушпи од јајца, а многу градинари се колнат во друг производ што можете многу лесно да го направите дома.

Имено, станува збор за одгледување растенија со помош на домашна банана вода. Кората од банана можете да ја користите многу добро за вашите растенија, а подготовката е многу едноставна.

Стефани Стивенсон, автор на Rose Gardening, објаснува дека бананите се богати со калиум, калциум, фосфор и магнезиум, а оваа комбинација може да го стимулира и да има корист за растот на вашето растение, што го прави многу добро природно ѓубриво за внатрешни и надворешни растенија.

Водата од банана е всушност вода која била натопена во кора од банана. Се приготвува така што кората се крши на мали парчиња и се чува во вода неколку недели, во тегла или сад, а потоа течноста се истура врз растенијата.

Кората треба да се скрши на помали делови за полесно да се испуштаат хранливите материи како калиум и калциум, кои се задржуваат на внатрешната страна на кората, во водата.