Трик на искусни градинари: Како да направите вашите домати подобро да родат?


Вистинските градинари се подготвуваат да ги засадат првите садници од домати во градината.

Доматот е растение кое е голем потрошувач, ги зема сите минерали и витамини од почвата, а ако почвата е сиромашна – доматите нема да успеат.

Ова го знаат и градинарите, па се трудат што повеќе да ја оплодуваат и збогатат почвата, пренесува Стил.

Има дури 5 работи кои можете да ги ставите во дупката каде што ќе садите домати, а тие се:

1. Компост

Во дупката каде што ќе ги засадите доматите задолжително ставете мистрија или две полни со компост.

2. Глава од риба

Да, добро прочитавте. Главата на сировата риба полека ќе изгние и на тој начин ќе го ослободи ѓубривото, а доматот ќе ги земе сите потребни минерали.

3. Азот

Во дупката каде што ќе ги засадите доматите треба да се стави ѓубриво на база на азот. Ова е она што им е потребно на доматите за да растат и да им даде фосфор кога се во фаза на цветање. Доматите засадени на овој начин нема да треба да се хранат со азот до цвтањето.

4. Трули лисја

Трулите лисја ќе ги вратат сите хранливи материи во почвата и ќе ја задржат влагата внатре во дупката каде што сте ги засадиле доматите. Плус почвата ќе биде лабава и доматите ќе можат да развијат силни корени.

5. Преработено ѓубриво

Тоа е суво злато за секоја градина. Ако го имате, задолжително користете го при садење домати.