Тридневна жалост во Мексико по падот на надвозникот


Во Мексико прогласена е тридневна жалост откако 24 загинаа кога дел од надвозникот на метрото се урна врз сообраќајница.

Во несреќата што се случи во вторникот на линијата 13 од метрото, повредени се 79 лица, пренесоа агенциите.

Мексиканските власти ветија потполна истрага, затоа што се поставува прашање за сигурноста на изградбата.

Претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор рече дека ништо нема да кријат, додека градоначалникот најави дека во истрагата ќе се вклучи и странска компанија.