Три жртви во руско гранатирање на Херсон
Три лица загинаа, а 17 се повредени во денешното руско гранатирање врз јужниот украински град Херсон и околината, соопшти регионалниот гувернер Олександр Прокудин.
Тој на Телеграм информира две лица загинале од руска артилери во центарот на градот. Таму се повредени уште 10 цивили.
Надвор од градот, убиен е постар човек, а повредени се неговата ќерка и нејзиното двомесечно бебе, пренесе ДПА.
Украинската армија пред една година го ослободи северниот дел на регионот Херсон. Јужниот дел сè уште е окупиран од руски војници, кои ги гранатираат заедниците под контрола на Украина од источниот брег на реката Дњепар.