Три здрави намирници, кои во големи количини може да станат штетни


Во желбата да внесеме што повеќе здрава храна и со тоа да го направиме имунитетот посилен, може да се случи да претераме и на тој начин да создадеме нерамнотежа. Нутриционистите советуваат дека овие три намирници се многу здрави, но доколку не ги јадете во прекумерни количини.

Моркови

Овој зеленчук е одличен извор на бета-каротин, диетални влакна и неколку витамини и минерали. Сепак, прекумерната потрошувачка може да донесе одредени несакани ефекти, кои се јавуваат поради премногу бета-каротен, молекулата одговорна за портокаловата боја на морковот и претходникот на витамин А.

Вода 

Иако сме слушнале безброј пати колку недоволно внесување вода може да биде штетно за здравјето, но и претерувањето не е добро. Премногу вода може да предизвика збунетост, дезориентираност, главоболка, гадење и повраќање. Исто така, може да доведе до пад на натриум во крвта, до ниво што бубрезите повеќе не можат да ги процесираат.

Цвекло 

Тој е одличен извор на витамини и минерали, а исто така помага во намалување на крвниот притисок. Сепак, во комбинација со црвено месо, нитратите кои се наоѓаат во цвеклото формираат нитрозамини, што доведува до зголемен ризик од рак на дебелото црево. Затоа нутриционистите препорачуваат консумирање на максимум два корени цвекло дневно.