Три милијарди луѓе не можат да си дозволат здрава храна


Obesity warning. File photo dated 28/07/10 of an overweight man eating, as experts warned that people are plumping up at such a rate that by 2025 roughly a fifth of the human race will be obese. Issue date: Thursday March 31, 2016. Over a period of 40 years from 1975 to 2014 the number of men and women in the world classified as obese soared from 105 million to 641 million, research shows. See PA story HEALTH Obese. Photo credit should read: Dominic Lipinski/PA Wire URN:25956982

Милиони луѓе го губат пристапот до здрава храна, што го влошува проблемот со дебелината низ целиот свет и може да предизвика нова глобална пандемија, според Блумберг.

Според проценките на ООН, повеќе од 130 милиони луѓе ќе се соочат со глад до крајот на оваа година, но дебелината претставува многу посериозна закана во развиените земји. За време на пандемијата на коронавирус, луѓето ширум светот беа лишени од приходи, принудувајќи ги да заштедат на храна избирајќи нездрава, особено брза храна.

Во моментов, бројот на луѓе со прекумерна тежина е многу пати поголем од бројот на гладни, што е особено забележливо во развиените земји. Така, две третини од Британците во моментов се со прекумерна тежина или дебели. Како резултат, секој седми смртен случај во земјата е предизвикан од нездраво јадење, што постојано ги зголемува медицинските трошоци. Луѓето со прекумерна тежина се повеќе склони кон дијабетес, кардиоваскуларни болести и канцер.

Во моментов, според проценките на ООН, три милијарди луѓе во светот не можат да си дозволат здрава храна, што создава предуслови за прекумерна тежина. Тоа може да се дефинира како нова пандемија.

Ако не се преземе нешто, прекумерната тежина и здравствените проблеми што ќе произлезат ќе ги зголемат глобалните здравствени трошоци за 1,3 трилиони долари годишно во следната деценија.