Три чекори за полесно надминување: Како да му кажете на вашето дете дека се разведувате?
За повеќето родители, најтешкиот дел од разводот е како да им кажат на своите деца.
Разводот е голема траума за секој човек, а на родителите им е особено тешко да им објаснат на децата дека мама и тато повеќе нема да живеат заедно.
Децата гледаат сигурност во своите родители, па разводот несомнено уништува се во што верувале. Разговорот е многу важен во секој сегмент од воспитувањето на детето, па затоа е неизбежен и за соопштување на вакви вести. Неопходно е да му објасните на детето дека сега е нова шанса за целото ваше семејство.
Џејми Хауард, психолог од Институтот Child Mind, вели дека зборувањето за развод е еден од оние моменти кои детето ќе ги памети до крајот на својот живот. Токму затоа бара одредено време и планирање на се што сакате да кажете, но и начинот на кој ќе го кажете.
Како да започнете разговор?
Хауард советува и двајцата родители да седнат со детето и да ја соопштат веста. Важно е однапред да се договорите за да нема несогласувања пред детето. Тоа не смее да го забележи вашето несогласување и треба да види дека сеуште сте на иста страна кога станува збор за детето.
Одлучете што ќе кажете
Се зависи од возраста и зрелоста на вашето дете, не сакате да го оптоварувате со детали и подобро е да му дозволите да поставува прашања отколку да му давате премногу информации кои можеби не е подготвен да ги прими.
Децата понекогаш претчувствуваат дека ќе се случат промени, а често веќе забележале дека нешто не е во ред.
За почеток, можете да кажете „некое време сме разделени и планираме да се разведеме, ова може да потрае, но само за да знаете дека отсега натаму треба да не гледате како разведени“. Ако веќе имате некои планови како сè ќе функционира, можете да ги споделите деталите со детето.
Најважно е никогаш да не го претставувате еден родител пред детето како лош човек или виновен за се што се случило.
Ако детето веќе било сведок на расправии и видело како функционирате, треба да му објасните дека ниту еден од вас не му се лути.
Како можат да реагираат децата?
Децата можат да реагираат на различни начини. Ако веќе ги видел вашите кавги и конфликти, тогаш разводот нема да му биде толку тежок. Меѓутоа, многу почесто децата се чувствуваат вознемирени или виновни. Без разлика како реагираат вашите деца, важно е да ги слушате и да бидете со нив и да им објасните дека разводот не е нивна вина и дека ќе дадете се од себе за да се чувствуваат сакано и добро.
Децата често знаат да се грижат за тоа како ќе изгледа нивната иднина сега. За да им ги олесните работите, можете да разговарате со нив за тоа како сакаат да изгледа нивната идна соба со другиот родител или да направите план и распоред на активности што можеби не сте ги имале претходно.