Третата фаза покажа дека вакцината на Универзитетот Оксфорд е ефикасна


 

Резултатите од прелиминарната анализа на третата фаза од испитувањата која ја спроведе Универзитетот Оксфорд за вакцината AZD1222 покажаа дека вакцината е безбедна и делотворна во превенција на симтоматската болест Ковид-19 и дека штити од потешки облици и хоспитализирање.

Досега објавените податоци за безбедност на вакцината се однесуваат на повеќе од 20.000 учесници во четири клинички студии во Велика Британија, Бразил и Јужна Африка.

Публикацијата во „Лансет“ потврди дека вакцината AZD1222 добро се поднесдува и не е потврден ниеден несакан ефект од неа. Учесниците биле од различни расни и географски групи кои се здрави или со стабилно здравје.

„Денеска ги објавивме прелиминарните резултати од третата фаза на испитувањата и покажавме дека новата вакцина бележи многу добри резултати за безбедност и ефикасност против корона вирусот. Голема благодарност должиме на нашите олонтери кои во текот на овие осум месеци работеа со нас за да дојдеме до овие заклучоци“, изјави професорот Ендру Полард, главен истражувач на Оксфордскиот тим за испитување на вакцината во Оксфорд.