Трамп потврди дека осомничениот за убиството на Чарли Кирк е во притвор


Соопштение - дизајн

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е приведен осомничен за убиството на неговиот соработник Чарли Кирк.

– Мислам, со висок степен на сигурност, дека го имаме во притвор, рече Трамп за време на гостувањето на телевизијата Фокс њуз.

Трамп додаде дека осомничениот бил „некој многу близок со него“, и оти повеќе детали ќе бидат објавени во текот на денот, пренесува Си-Ен-Ен.

Изјавата на Трамп доаѓа по дводневна потрага по осомничениот. Во средата властите испрашаа и ослободија две лица во врска со убиството на Чарли Кирк.