Трамп: Ништо лошо не сум направил
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека ништо лошо не направил кога преку телефон разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
По разговорот во Претставничкиот дом е покрената процедура за негов импичмент поради обвинувања дека вршел притисок врз Украина да го истражи неговиот политички ривал.
Тој на прес-конференцијата на самитот на НАТО во Лондон ги критикуваше демократите во Претставничкиот дом кои водат истрага за негов импичмент, пренесува Ројтерс.
„Ништо лошо не направив. Не осудувајте некого кога нема да направи ништо лошо“, изјави Трамп.
Тој повторно го правдаше својот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а истрагата за импичмент ја нарече „лов на вештерки“ обвинувајќи ги демократите дека три години се обидуваат да ја поништат неговата победа од 2016. година.
„Тоа се прави само од политички поени, ќе видат дали можат нешто да направат во 2020. бидејќи во спротивно ќе загубат“, изјави Трамп.