Трамп како стендап комичар (ВИДЕО)


Зборувајќи на состанокот на републиканските членови на Претставничкиот дом, Доналд Трамп призна дека Меланија Трамп го мрази она што го прави тој и дека според неа неговиот став кон транс луѓето е непретседателски. Со многу гестикулација и карикирање обраќањето на Трамп стана хит и масовно се пренесува на Х, иако на прв поглед тоа што го зборува е толку за неверување што изгледа како да е монтирано.

„Жена ми мрази кога го правам ова. Таа рече, знаете, таа е многу елегантна личност. Точно. Таа рече, толку е ова непретседателско. Рече, но јас станав претседател.

Таа мрази што танцувам. Јас реков, сите сакаат да танцувам. Драги, тоа не е претседателско. Таа всушност рече, можеш ли да замислиш како Рузвелт танцува? Ми го кажа тоа. И јас реков, има долга историја што можеби не ја знае затоа што тој не беше елегантен човек, дури ни како демократ, нели…
И морам да го кажам ова, танцувањето што навистина им се допаѓа. Таа рече, не им се допаѓа, тие само се добри со тебе…“, изјави меѓудругото Трамп.