Трамп: Израел треба да ја гаѓа иранската нуклеарна инфраструктура


Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека Израел треба да ја таргетира иранската нуклеарна инфраструктура, откако сегашниот демократски претседател Џо Бајден рече дека „ќе размисли“ да ги гаѓа иранските нафтени постројки на местото на Израел.

Тензиите меѓу Иран и Израел се на високо ниво бидејќи Израел ги разгледува опциите како да одговори на нападот со балистички ракети на Техеран, кој Иран го започна во вторникот како одговор на воената акција на Израел во Либан.

Бајден претходно рече дека наместо Израел, тој „ќе размислува за алтернативи за таргетирање на нафтените постројки“, додавајќи дека Израел сè уште не одлучил како да изведе контранапад и дека „се уште е предмет на дискусија“.

Трамп подоцна го критикуваше Бајден во Северна Каролина и отиде чекор подалеку, сугерирајќи дека Израел прво треба да ја „таргетира нуклеарната“ инфраструктура и „подоцна да се грижи за останатите“, според агенцијата Франс прес.