Трамп: „Епл“ и „Интел“ ќе произведуваат чипови заедно во САД


Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека технолошката компанија „Епл“ се согласила да соработува со „Интел“ за дизајн и производство на чипови во Соединетите Американски Држави.

Ова претставува нов чекор во напорите на Вашингтон за зајакнување на домашното производство на полупроводници, пренесува Ројтерс.

Трамп изјави на социјалната мрежа Truth Social дека „Епл“ и „Интел“  ќе работат заедно на развој и производство на чипови во САД, додека деталите од договорот сè уште не се објавени, пренесува Танјуг.