Трамп: Доста е, нема да дозволам Израел да…


Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во четвртокот вечерта изјави дека нема да дозволи Израел да го анектира Западниот Брег.

„Нема да дозволам Израел да го анектира Западниот Брег. Не, нема. Тоа нема да се случи“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба на Белата куќа, објави Си-Ен-Ен.

Тој рече дека разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за ова прашање.

– Да, но нема да го дозволам тоа. Без разлика дали сум разговарал со него или не, а сум разговарал, нема да му дозволам на Израел да го анектира Западниот Брег. Доста е. Време е сега да се запре тоа, – рече Трамп.

Тој го кажа ова пред обраќањето на Нетанјаху на Генералното собрание на ОН.

Американскиот портал Политико претходно објави, повикувајќи се на извори, дека Трамп ветил за време на состанокот со арапските лидери дека нема да му дозволи на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го анектира Западниот Брег.