Трајанов: Потфрлувањето на СДСМ е резултат на внатрешното неединство во партијата
Резултатот од првиот круг е реален одраз на определбата на граѓаните. Причините за потфрлувањето на СДСМ е резултат на внатрешното неединство во партијата, смета претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов во гостувањето на емисијата „Утрински брифинг“.
Тој посочува дека скопското крило на СДСМ е „виновно за резултатот во Скопје“.
-ВМРО-ДПМНЕ цело време беше во турбуленции и расколи, но кога гласаат сите се заедно и застануваат позади кандидатите. Анализите покажаа дека голем дел од гласачкото тело и активистите на СДСМ не излегоа да гласаат. СДСМ мора да се консолидира, потенцира Трајанов.
Тој истакнува дека можен е пресврт во градот Скопје.
-Ако сите коалициски партии, 23 на број, кои беа 9 отсто пасивни, ако се активираат и донесат по 1.000 гласови, тоа се 25 илјади гласови. ДС има околу 8.500 членови во Скопје. Бевме вклучени во сите активности. Разликата е мала, заклучува Трајанов за битката за главниот град во вториот круг.