Трагедија кај Венеција: Автобус се запали по пад од надвозник, најмалку 21 загинат, има и деца


Најмалку 21 лице загина вечерва во страшна несреќа кога автобус излетал од надвозникот Либерта во италијанскиот град Местре, по што се запалил.

Според првите информации, загинале најмалку 20 лица, меѓу кои и две деца, од кои некои се јагленисани, додека четириесетина лица се повредени.

Според тамошните медиуми, петмина повредени малолетници се пренесени во болница.

Автобусот испаднал од надвозникот и се запалил.

Автобусот службено е возило на Ла Линеа, пренесува „Ла Стампа“. Возилото не било на редовна линија, туку било изнајмено за специјализиран превоз на патници што бил ангажиран од камп за превоз на туристи.

Пожарникарите објаснија дека автобусот се запалил по сообраќајна несреќа.

– Најмалку дваесет мртви, огромна трагедија. Автобусот се движеше од Венеција кон Маргера – објави градоначалникот Луиџи Бруниаро.

Надлежните најавија дека постои можност во возилото да останат заробени повеќе луѓе и дека се работи на нивно спасување.

Засега не се познати околностите за несреќата.

Поради несреќата прекината е железничката линија меѓу Местре и Венеција.