Трае хаосот во Мјанмар: Убиени повеќе од 80 демонстранти

Мјанмарските сили на безбедност убија повеќе од 80 демонстранти на протестите против воениот пуч во град во близина на Јангон.
Податоците денеска ги објави надзорната група на Асоцијацијата за помош на политички затвореници.
Трупите со тромблонски мини го разбија протестот во Баг, тврдат сведоци и домашни медиуми.
ААПП и новинскиот портал Мјанмар нау, наведуваат дека убиени се 82 демонстранти, пренесе Ројтерс.
Детали за бројот на загинати во поечтокот не беа достапни, затоа што силите на безбедност трупаа тела во комплексот Зејар Муни и го оградуваат тоа подрачје, додава Ројтерс повикувајќи се на сведоци и мјанмарски медиуми.
Наводно војниците ги окружиле демонстрантите од раното утро во петокот, користејќи тешко вооружување, а пукањето продолжило и попладне.
Ројтерс не успеа да дојде до изјава од портпаролот на воената хунта.
Според мјанмарските медиуми, порано денеска во напад на припадниците на совузот на етнички армии на полициска станица на истокот на Мјанмат загинаа најмалку 10 полицајци.