Товарен брод удри во мост во Кина – автомобили и автобус паднаа во реката (видео)


Утрово, во кинескиот град Гуангжу товарен брод удри во мост, при што во реката паднаа пет возила; вклучително и јавен автобус.

Државните медиуми наведуваат дека во несреќата загинале две лица, а уште три се водат како исчезнати. На снимката од местото на настанот се гледа скршен дел од мостот и товарен брод под него. Инцидентот се случил во 05:30 часот по локално време. Властите го приведоа капетанот на бродот и ги евакуираа луѓето што живееја во близина.

„Во октомври 2021 година, провинциските власти ја утврдија потребата од зајакнување на мостот, што вклучуваше изградба на структури за избегнување несреќи на столбовите на мостот. Досега, рокот за завршување на работата е продолжен три пати“, објави кинеската државната телевизија CCTV, како што јави Би-би-си.

Гуангжу се наоѓа на делтата на реката Перл и е едно од најпрометните пристаништа во Кина.