Торино се гордее со фудбалот, автомобилите, барокот и кафето- сега и со Евросонг (репортажа)


Италија- Италијанскиот град Торино победи во трката да стане град домаќин на 66-тиот избор за песна на Евровизија, откако триумфираше над 16 други конкурентни кандидатури. Големото финале ќе се одржи во Пала Олимпико во сабота на 14 мај, а полуфиналните вечери се на 10 и 12 мај.

Главниот град на Пиемонт, четврти град по големина во Италија , со силно француско влијание, лоциран  до француската гранца,  ќе биде третиот италијански град кој ќе биде домаќин на настанот по Неапол (1965) и Рим (1991), благодарение на победата на Манескин во Ротердам претходната година.

Извршниот супервизор на Евровизија Мартин Остердал изјави:

„Торино е совршен град домаќин на 66-тиот избор за песна на Евровизија. Како што видовме за време на Зимските олимписки игри 2006, PalaOlimpico ги надминува сите барања потребни за организирање на глобален настан од ваков обем и бевме многу импресионирани од ентузијазмот и посветеноста од градот Торино кој ќе пречека илјадници фанови во мај.

Ова ќе биде првиот натпревар за песна на Евровизија што ќе се одржи во Италија по 30 години .
Извршниот директор на италијанскиот радиодифузер Раи, Карло Фуортес, ја споделува својата возбуда:

„Среќни сме што Торино ќе биде домаќин на следното издание на Изборот за песна на Евровизија, меѓународниот фестивал кој го сака огромна публика во секоја земја“.

Сместен во подножјето на Алпите, Торино е познат по своите галерии и музеи, паркови и плоштади, палати и замоци, како и извонредните примери на ренесансна, барокна, рококо, неокласична и Арт Нову архитектура.


Познат е како најиндустриски град во Италија. Во него е седиштето на светски познатите автомобилски компании ФиатАлфа РомеоЛанча и други. Торино со својата покраина во регионот Пиемонт е познат како местото на раѓање на современата италијанска држава.

Низ градот тече реката По (најголем град на оваа река). Од главниот град Рим, Торино е оддалечен 700 км северозападно, а од Милано е оддалечен 130 км западно. Торино има население од 910.188 жители и површината на градот изнесува 130,17 км2.

Климата во Торино е изменето континентална со влијание од Средоземното Море. Затоа во лето е многу топло, а во зима снегот е редовна појава и е многу ладно во однос на поголемиот дел на Италија.

 

Во 2008 година во Торино имало над 900.000 жители, двојно повеќе отколку на почетокот на 20 век, но 20% помалку отколку во 1970 година. Во овој град денес се доселиле голем број имигранти од сите краеви на светот. Овој град има огромно градско подрачје со околу 1,7 милиони жители. Метрополското подрачје на градот има околу 2,5 милиони жители.

Од Торино потекнуваат два многу успешни фудбалски клубови во италијанската Серија АЈувентус (најуспешната екипа во историјата на италијанскиот фудбал со 34 титули првак на Италија) и Торино (со 7 титули).

Всушност, само поширокиот регион Пиемонт е познат по сирењата Montebore, Castelmagno и Robiola di Roccaverano, Salsiccia di Bra (колбас), говедско месо од Пиемонт, лебници од Grissini, вино Бароло, вермут, бели тартуфи, лешници и, се разбира, Нутела.
За среќа, Торино дава многу можности за танцување од тие калории; во епицентарот на италијанската електроника никогаш не сте далеку од подиумот за танцување или место во живо.

Без разлика дали го барате следниот Måneskin во андерграунд бар, сакате да се опуштите со коктели и џез или се надевате дека ќе ги возите тие итало-диско вибрации доцна до вечерта, има богато музичко наследство за истражување.