Тони Блер пуштил коса како рокер
Повеќе отколку неговите политички пораки косата на Тони Блер, поранешниот британски премиер, предизвика жешка расправа на социјалните медиуми. Гледачите беа прилично изненадени кога го видоа Блер со таква фризура пред некој ден во интервјуто за ИТВ во кое се разговараше за локалните избори идната недела и за изборите во Шкотска. Неговата коса пораснала во времето кога поради локдаунот беа затворени фризерниците.
Во друго интервју за „Ивнинг стандард“ Блер рече: „Мојата коса не била толку долга уште од времето кога бев во рок бенд“ и најави дека веднаш ќе оди на бербер.
По интервјуто на ИТВ корисниците на Твитер во голема мерка го споредуваа со ексцентричниот лик од филмот „Враќање во иднината“, Док Браун.