Том Круз ја покажа новата фризура – номинираните за „Оскар“ се дружеа на традиционалниот ручек
САД– Годинешниот свечен ручек на 95.Оскари забележа најголем одѕив на номинирани во историјата на овој традиционален гала настан, еден месец пред најважната филмска ноќ, на 12 март, во театарот „Долби“ во Лос Анџелес. Повеќе од 200 гости пристигнаа во хотелот Беверли Хилтон во Беверли Хилс, Калифорнија , вклучувајќи голем број познати имиња како Том Круз, Кејт Бланшет, Мишел Јео, Стивен Спилберг, Остин Батлер, Брендан Фрејзер, Колин Фарел и Џејми Ли Кертис.

Сепак, некои важни лица отсуствуваа. Актерката Ана де Армас, режисерот Џејмс Камерон и кандидатите за најдобра авторска песна, Ријана, Лејди Гага и Дејвид Бирн го „прескокнаа“ ручекот.

За Том Круз, чиј „Top Gun: Maverick“ беше номиниран за најдобар филм, тоа беше прво појавување на црвениот тепих оваа година. Во последно време ретко го гледаме на јавни настани, а се чини дека актерот не можеше да направи ниту еден чекор, а да не го спречи некој од неговите колеги од индустријата. Тој весело ги поздравуваше новинарите, им позираше на фотографите и разговараше со Стивен Спилберг, Пол Мескал и Даниел Кван.

Новиот имиџ на Круз исто така го привлече вниманието на многумина. Покажа нова фризура, малку подолга од вообичаено, како и исончан тен, а фановите коментираа дека повторно се „подмладил“ со ботокс.






