Том Форд потрошил 90 илјади долари за свој фустан за да не се фрли

САД- Модниот дизајнер Том Форд изјави дека неодамна потрошил 90.000 долари за да купи фустан што го дизајнирал за време на кога билт креативен директор на Ив Сен Лоран, според The Guardian.
Во интервју за Карен Дакре , Форд изјавил дека го купил фустанот дизајниран за време на неговиот мандат во YSL од 1999 до 2004 година, за да го додаде во неговата архива.
„Облеката што ја правиме не е наменета за фрлање“, рече тој за Дакре, истакнувајќи дека луксузната мода треба да си обезбеди одржливост.
Форд, кој беше почестен со модна награда на зелениот килим во септември 2017 година, се фокусира на еколошки свесни практики во својата работа, објави тогаш Вог.
Поранешниот креативен директор на Гучи од 1994-2004 година изјави за магазинот: „Кога нешто е убаво и свесно направено и е со највисок квалитет, тоа не е наменето да се фрли и нема да биде предодредено да заврши на депонија“.
„Тоа е предодредено да го користи неговиот сегашен сопственик, а потоа да стане винтиџ мода што повторно се користи што е можно подолго“, додаде тој.
Форд, за кој „Гардијан“ пишува дека е предводник на истоимената етикета од 2 милијарди долари годишно од 2004 година, исто така ѝ рекол на Дакре дека „иднината на модата е сè повеќе цртана“.
Зборувајќи за зголемената дигитализација на модата, тој рече: „Инстаграм ги сруши правилата. Луѓето се дотеруваат за да се сликаат за да објавуваат онлајн, сè е претерано – особено веѓите“.