Тинејџерка од Велика Британија удрена од параглајдерист во Турција. Има скршеници на ‘рбетот и вилицата
Британската тинејџерка Лили Никол (15) од Дурам, се здобила со сериозни повреди откако била удрена од параглајдерист додека била на одмор со своето семејство во популарното летувалиште Олудениз во Турција.
Инцидентот се случил за време на последниот ден од нивниот одмор, додека Лили била на вечера во ресторан со нејзината мајка Линдзи Логан и постарата сестра Меган. Според нејзината мајка, параглајдеристот се појавил ненадејно и ја удрил Лили, оставајќи ја во несвест.
Мајката опиша момент на паника и страв, велејќи дека врескала и молела за помош, плашејќи се од најлошото. „Таа се освести кога почнав да врескам“, рекла мајката. По несреќата, Лили итно била пренесена во болница каде лекарите ја утврдиле тежината на нејзините повреди. Тие вклучуваа скршена вилица, расцепен јазик и четири скршеници на ‘рбетот, за што беше потребна итна медицинска помош. Покрај тоа, Лили имала крварење на мозокот, но снимките потврдиле дека таа не претрпела сериозни повреди на главата.
Десетици илјади фунти медицински трошоци
Ситуацијата дополнително ја усложнува и тоа што семејството немало патничко осигурување, што ги ставило во тешка материјална состојба. Медицинските трошоци досега изнесуваа вкупно 7.200 фунти, а операциите на грбот и вилицата, кои се многу потребни за закрепнување на Лили, ќе чинат дополнителни 45.000 фунти. Таткото на Лили досега ги платил трошоците, но семејството сега итно се обидува да собере средства за понатамошно лекување.
На Лили ќе биде извршена операција и нејзината мајка изрази загриженост дека ќе мора да плати депозит за операцијата и да обезбеди целосна исплата пред Лили да биде пуштена од болница. Ситуацијата е емотивно тешка за целото семејство, а мајката изјавила дека овој трагичен настан засекогаш ќе го памети како трауматично искуство. Меган, постарата сестра на Лили, исто така беше погодена од параглајдеристот, но помина со полесни повреди.
Министерството за надворешни работи на Велика Британија потврди дека дава поддршка за британското девојче и нејзиното семејство. Оттогаш, семејството започна онлајн кампања за собирање средства за покривање на трошоците за лекување, апелирајќи за помош од пријателите, познаниците и пошироката јавност.