Тинејџер уби ученици – родителите виновни
Обвинителот во Мичиген покрена обвинение против родителите на тинејџерот кој во вторникот уби четворица, а рани седум ученици од средно училиште во таа држава.
Родителите на 15-годишниот Итан Кремли, кој е осомничен дека во вторникот уби четворица ученици на средното училиште „Оксфорд“ во мичигенскиот округ Окленд, обвинети се за четири убиства од немарност, соопштено од кабинетот на окружниот обвинител.
„Родителите биле единствените личности во позиција да имаат пристап до оружјето“, рече Карен Мекдоналд, обвинител во округот Окленд.

Додаде дека оружјето било достапно на тинејџерот кој пукал во училиштето, а истражителите утврдиле дека полуавтоматскиот пиштол со кој Крамбли пукал минатата недела го купил неговиот татко.
Против Итан Крамбли подигнати се провеќе обвиненија, меѓу останатото за убиство, обид за убиство и тероризам, поради пукањето во средното училиште „Оскфорд“, во округот Окленд во мичиген, на околу 100 км северно од Детроит,
Убиени се четири ученици,а ренети уште седум луѓе.
Родителите неколку часа пред пукањето биле повикани во училиштето, затоа што еден професор нашол цртеж од пиштол и лице кое крвари и бара помош, наведе Мекдоналд. Додаде дека постои можност пукањето да било планирано.
Надлежните порано соопштија дека управата на училиштето се состанала со напаѓачот и неговите родители за да разговараат за неговото однесување.
„Секој кој имал можност да ја спречи оваа трагедија, требало тоа да го направи“, вели Карен Мекдоналд.