„Тимберленд“ доаѓа во „Ист Гејт Мол“ со уште поголем избор на кул модели

Деновиве, „Тимберленд“ ја претстави новата и уште постилска колекција за студената сезона што ни претстои, а како што можете да замислите, сите парчиња се подготвени сериозно да му се спротивстават на студот.
На наше големо задоволство, ве информираме дека „Тимберленд“ доаѓа во новоотворениот „Ист Гејт Мол“ на уште поведар простор, со уште поголема понуда на кул парчиња.
Токму таму, ќе ги најдете сите модели поддржани и целосно развиени од новиот креативен директор на брендот, познатиот британски дизајнер Кристофер Ребурн, кој се чини дополнително ја истакна препознатливата естетика на брендот.
Како што и тој самиот најави, оваа сезона, тие уште еднаш ја потврдуваат целата култура поврзана со познатите „Тимберленд“ чизми, прикажувајќи ги како задолжително парче во зимската гардероба.
Овој пат, истите доаѓаат во уште посовремено издание изработени од целосно природни материјали кои брендот сезонава повеќе од кога и да е ги става на прво место.
Токму важноста и квалитетот на „Тимберленд“ чизмите ги потврдуваат и редовните клиенти на американската стоковна куќа „Нордсторм“ кои во една неодамнешна анкета ги избираат токму нив, како модел број еден за студените зимски денови.
Сите модели на вашите омилени чизми, но и исклучителен избор на патики и стилски и пред сè, топли парчиња облека, ќе ве очекуваат во новата продавница на брендот во „Ист Гејт Мол“.
Како што велат од брендот, оваа сезона, повеќе од кога и да е, одиме против нашите граници и уживаме во сите можности што ни ги нуди природата со линијата обувки за планинарење, сега, постилски и поудобни од кога и да е.
Дека е ова повеќе од вистина, докажува и новата емисија на музичката платформа Complex едноставно наречена: „Hiking with rappers“ во која познати музички ѕвезди како Лил Ким, Биг Шон, Фет Џо и многу други, планинарат целосно опремени во најуникатните „Тимберлент“ парчиња.
Веројатно, сето ова звучи ултра забавно, па веднаш посакавте да се втурнете во авантура слична како нивната.
За вакви, но и многу нови авантури на кои знаеме дека едвај чекате, парчињата од вашиот омилен бренд многу наскоро ве очекуваат во „Ист Гејт Мол“!
(ПР текст)