Тие се најжестоките љубовници: Со нив најубаво ќе си поминете во кревет


На глас се зборува дека овие четири хороскопски знаци се фантастични во кревет.

Сите хороскопски знаци имаат свој шарм кога се во прашање интимните односи со нивните партнери, но некои се познати по тоа што се „најжестоки љубовници“.

ЛАВ – Филмска ѕвезда

Лавот е знак чиј владетел е Сонцето, па кога имате врски со луѓе од овој знак се чувствувате како ѕвезда. Припадниците на овој знак многу веројатно некаде кријат домашни видеа и секси фотографии од себе и од своите партнери. Лавовите воопшто не се срамежливи, напротив сакаат да имаат врски во одлично осветлување. Секогаш се разиграно расположени и сакаат да експериментираат со нови работи.

 

СКОРПИЈА – Здрава сексуалност

Тие се познати по својата сексуална моќ. Односите со Скорпијата можат да бидат единствени. Припадниците на овој знак се склони да експериментираат, сексот на јавно место може да им биде интересен, а доколку ги проверите нивните ноќни маси веројатно ќе наидете на секакви работи.

БЛИЗНАЦИ – Ментален акробат

Кога станува збор за „валканата имагинација“, главни се припадниците на овој знак. Без разлика дали тоа е испраќање фотографии во секси поза, или шепотење нешто дрско во јавноста, креативноста на Близнаците на тоа поле е бескрајна. Се подразбира дека Близнаците се тие кои предлагаат да глумат во кревет, а веројатно имаат и секси костим за медицинска сестра кој се крие во нивниот плакар.

ДЕВИЦА – Божица

Не дозволувајте да ве измами. Не баш девица. Со овој хороскопски знак владее Меркур, планетата на умот и комуникацијата. Затоа Девиците обично сакаат да се дотеруваат и да глумат во кревет. Тие се жестоки и страсни љубовници, а не некој што отфрла валкани разговори.